Вицови

Kако се менуваат приоритетите…

Една госпоѓа во поодминати години, седела на палубата на еден брод за време на крстарење, цврсто држејќи го својот шешир со двете раце, за да не и го однесе ветерот.
Еден господин и се приближил па и рекол:
- Простете госпоѓо, не сакам да ви пречам, но дали забележавте дека ветрот го крева вашиот фустан и тоа доста високо?
- Да, забележав, но двете раце ми се зафатени држејќи го шеширот.
- Но, госпоѓо…една дама треба да знае дека нејзините интимни делови се изложени за јавност! – и рекол кавалерот
Таа погледнала надоле и му одговорила:
Господине, што и да видите таму доле – тоа има 85 години! А, шеширот, си го купив вчера!!!

-------------------------------------------------------------

Трпе и плавуши

Во еден летен ден, Трпе решил да се освежи во една градска фонтана сосема гол додека никој не го гледа. Зел со себе и сапун. Но, наишле три плавуши…
…а Трпе решил да се преправа дека е статуа.
Се укочил во една позиција, а сапунот го ставил во уста. Плавушите исто така решиле да се избањаат.
Сите се соблекле една по една и влегле во фонтаната.
Едната го видела сапунот во устата на Трпе, го потегнала Трпе за пенисот, а тој плукнал половина од сапунот.
Дошла втората и таа го потегнала за пенисот кога тој ја плукнал и втората половина од сапунот.
Дошла и третата на ред па и таа го повлекла Трпе, но не останало веќе од сапунот.
Потегнала уште еднаш и жива среќна им рекла на другарките: Видете, видете, јас добив течен сапун!

-------------------------------------------------------------

Ако можеш…

Ако можеш да го почнеш денот без кофеин… Ако можеш секогаш да бидеш весел и да ги игнорираш околните ситуации… Ако можеш да одолееш…
…да се жалиш и да ги замараш другите со своите проблеми…
Ако можеш да јадеш една иста храна секој ден и да бидеш благодарен за истата…
Ако можеш да разбереш кога твоите пријатели се премногу зафатени за да ти посветат внимание…
Ако можеш да прифатиш критика без да се почувствуваш навреден…
Ако можеш да се справуваш со стресот без медицинска помош…
Ако можеш да се опуштиш без алкохол…
Тогаш веројатно ти си…

… фамилијарното куче.